Економија

Инфлацијата во мај 1,5%, поскапа храна

10.06.2025 10:10

Најмногу поскапеле храната и безалкохолните пијалаци, веднаш по истекот на мерката за ограничени цени и маржи која беше во сила до први мај...

Еден ипол насто инфлација во мај споредбено со април, пресмета статистика. Најмногу поскапеле храната и безалкохолните пијалаци, веднаш по истекот на мерката за ограничени цени и маржи која беше во сила до први мај.

Според министерот за економија, нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. Од Пазарниот инспекторат денеска ќе го добие и официјалниот извештај за спроведените контроли минатиот месец.