Суд

Притвор за Александар Нацев кого Обвинителството го води како вистински сопственик на агенцијата за обезбедување

10.06.2025 12:34

Обвинителството го сомничи Нацев дека го обезбедувал објектот без да има склучено договор, дека не ги регистрирал недостатоците во дискотеката „Пулс“...

30 дена притвор заработи и Александар Нацев, човекот за кого Oбвинителството соопшти дека е вистински сопственик на агенцијата „Рубикон“, којашто ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Основниот суд во Кочани го прифатил барањето на Обвинителството за одредување ефективен притвор.

Обвинителството го сомничи Нацев дека го обезбедувал објектот без да има склучено договор, дека не ги регистрирал недостатоците во дискотеката „Пулс“, дозволил присуство на малолетници, како и внесување и употреба на пиротехнички средства во дискотеката.

Нацев е универзитетски професор и член на ВМРО-ДПМНЕ.