Се враќа мозаикот во старата епископска базилика во Стоби

15.08.2014 16:30

Составен од различни видови шари, мозаикот со големина од 180 квадратни метри датира од доцниот 4 век пред нашата ера, по 21 година повторно се враќа пред очите на јавноста...

Додека туристи  го разгледуваат археолошкиот локалитет Стоби, конзерваторите ги прават последните подготовки пред започнувањето на постапката за враќање на мозаикот во Старата епископска базаилика. Составен од различни видови шари, мозаикот со големина од 180 квадратни метри датира од доцниот 4 век пред нашата ера, по 21 година повторно се враќа пред очите на јавноста.

„Се очекува кон крајот на септември повторно да биде вратен во Епископската базилика и тоа навистина ќе биде огромна атракција за туристите и граѓаните на Република Македонија“ рече Елизабета Канческа - Милевска.

Тригодишните истражувачки работи придонесоа во целост да се открие ликот на анточки театар. Внатрешни сводови што ги има овој објект го прават единствен во Македонија. Целосната реконструкција треба да заврши за три години.

„Можеме да видиме голем број на камени делови кои ќе се вратат на театарот во делот на сцената и во делот на гледалиштата за самиот театар да си го добие својот сја“, рече Канческа - Милевска.

Со 13 илјади посетители на годишно ниво Стоби е извонреден потенцијал за транзитниот туризам. Од денеска секој посетител  со себе како спомен може да понесе  копија на артефакт купен во  новата сувенирница. Министерството за  култура го привршува проектот за поставување на дваесетте сувенирници низ туристичките обележја во Македонија.

Првите сувенирници во Македонија се отворени во март 2012 година. Од тогаш до денес 19 сувенирници им се на располагање на домашни и странски  туристи.

Дијана Иванова