Финансиска полиција
Кривична пријава за градоначалникот на Росоман
10.06.2025 14:24
Според финансиската полиција, градоначалникот од 2021 до 2024 година го оштетил буџетот за милионски суми...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на Росоман, Стојан Николов.
Управата го сомничи дека не го почитувал законот за градење и законот за општа управна постапка, изготвувал лажни јавни исправи за градење и реконструкција на улици, неосновано склучувал договори за управување со градежно земјиште, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација, горива, храна и пијалаци, спротивно на одлуките на Општинскиот совет.
Со тоа, според финансиската полиција, градоначалникот од 2021 до 2024 година го оштетил буџетот за милионски суми.
