Собраниски карван

Парламентарниот карван ја заврши обиколката низ општините во земјава

10.06.2025 17:38

Пратениците сакаат да ги уверат граѓаните дека Собранието е отворено и одговорно. Парламентарниот карван посети 10 општини, а денеска беше во Скопје...

Лични проблеми, државни прашања, колективни предизвици се дел од сферите на интерес на македонските граѓани, за кои поставувале прашања во рамките на парламентарниот карван, парламентот за граѓаните, одговорно и отворено.

Граѓани бараат чести средби секој ден, а не кампањски.

Пратениците велат, ова е добра можност директно да ги чујат барањата и потребите на граѓаните.

На средба со пратениците беа и ученици.

Пред Скопје, парламентарниот карван посети уште девет други македонски градови.

Марија Котовска