Обновено Одделението за управни работи при МВР
Заврши реконструкцијата на Одделението за управни работи на МВР во зградата на Македонската телевизија, каде што се издаваат пасоши, лични карти и други документи...

Нема повеќе чекање и гужви по шалтерите за лични документи. Реновираните одделенија за управни работи на МВР ги подигнаа услугите за граѓаните на светско ниво. Граѓаните се информираат за местото каде треба да пристапат уште на влезот преку информативните пултови. Потоа. Додека чекаат во новите чекалници, следат на монитор кога ќе дојде нивниот ред за фотографирање за документи. Не се заборавени и граѓаните со хендикеп за кои има направено пристапен пат. Во иднина повеќе нема да се чека на изработка на обрасци за пасоши во странство, туку ќе се изработуваат во Македонија, а слична услуга ќе им се понуди и на странски држави.
Завршено е реновирањето на најголемиот дел од одделението за управни работи во зградата на МРТВ од 2.300 квадратни метри што чинеше 48 милиони денари. Институциите успешно се справија со хаосот и сега работат на дигитализација и воспоставување поефикасен систем за издавање патни документи, велат надлежните.
Граѓаните задоволни од реновираното одделение и услугите за кои повеќе не губат време.
Реновирано одделение за управни работи се отвори и во матејче, општина Липково. Граѓаните задоволни што услугите сега се многу побрзи и се завршуваат за пократко време.
За поефикасни и подобрени услуги за граѓаните, одделенијата за управни работи се дислоцираат поблизу да граѓаните како во матка, општина сарај, која доби ново реновирано одделение со подобрени услови. Реновирани и подобрени услови има и во одделението за управни услуги во Јегуновце, Брвеница, Жеровјање, Општина Боговиње и Групчин, општина Желино.
Ирина Гелевска
