Учебната година заврши, почна распустот
Денеска е крајот на учебната година за преку 180.000 основци и околу 67.000 средношколци. За учениците ова е најрадосен ден. Само матурантите уште ќе се потат во училишните клупи со полагањето на државната матура. Како ја оценуваат годината учениците, родителите, а и наставниците?...

Третоодделенецот Адријан Ѓорѓиоски и првачето Дамјан Ковилоски со радост го пречекаа последното училишно ѕвонче. Велат, многу научиле на училиште, но со душа го пречекаа летниот одмор со игра и смеа.
Заврши учебната година за преку 180.000 основци и околу 67.000 средношколци во земјава.
Родителите и најблиските се, главно задоволни од учебната година.
Наставниците ѝ дадоа солидна оценка на учебната година. Имаше повеќе предизвици: недостасуваат сите учебници, се зголемија безбедносните контроли, се намалува бројот на учениците.
Само матурантите останаа да ги греат столчињата. Полагаат државна матура.
Елизабета Митреска
