Битола

Транзиција кон зелена енергија

10.06.2025 16:47

Експерти, стопанственици и претставници на локалната самоуправа на дводневната тркалезна маса во Битола дискутираа за досега постигнатото на патот на праведната транзиција на зелената енергија и предизвиците и можните решенија во следниот период …

Постоечката состојба на енергетската транзиција кажува дека сè уште немаме технологија која во целост ќе ја замени базната енергија велат експертите. Од вкупното производство велат околу 15 посто отпаѓа на производството на соларна енергија. Потребни се конкретни комбинирани активности да го фатиме вистинскиот чекор.

Без стабилно поставени параметри и пресметки не можеме да сметаме на стабилен енергетски систем. Велат во РЕК Битола има одличен кадар кој само треба да се вклопи а на тоа работи и Техничкиот факултет.

Во оваа комплексна глобална задача не помалку значење имаат и активностите на локалните самоуправи.

А токму таа чиста животна средина е уште еден предизвик чие решавање бара толку праведна енергетска зелена транзиција со поголема динамика.

Стевче Митревски