Влада

Влада: Повредените и семејствата од Кочани не се сами

10.06.2025 18:05

„Повредените и семејствата на починатите не се сами“ – власта со порака до Кочани. Филипче ја критикува одлуката за одморалиштето на „Пониква“, премиерот препозна обид за печалење политички поени на трагедијата.

30 дневен притвор за сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев, изрече Кочанскиот суд откако Јавното обвинителство ја прошири истрагата. Се сомничи дека сторил „тешки дела против општата сигурност“. Бројот на осомничени се искачи на 70. Премиерот Мицкоски бара трагедијата да не се политизира, вели, ќе биде опфатен секој кој има одговорност.

„Кочани е нашиот приоритет“, уверува Мицкоски, откако владата донесе одлука, одморалиштето „Пониква“ да стане центар за рехабилитација на повредените.

Лидерот на СДСМ, Филипче, смета дека ова одморалиштето не ги задоволува условите за соодветна здравствена нега.

Одморалиштето „Пониква“ располага со 27 соби и 56 легла. На психофизичката состојба и на медицинска нега за брзо закрепување на повредените ќе работи медицински кадар. Од понеделникот во функција е и телефонска линија за директна комуникација на повредените и нивните семејства.

 

Викторија Милевска