Завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство
Во Кривичниот суд, продолжува рочиштето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршниот збор на Обвинителството. Смета дека се докажала вината за кривичните дела што им се ставаат на товар на петтемина обвинети...

Во Кривичниот суд, продолжува рочиштето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршниот збор на Обвинителството. Смета дека се докажала вината за кривичните дела што им се ставаат на товар на петтемина обвинети.
Според обвинителката Трајковска, насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото. Меѓу другите докази од постапката кои повторно ги образложи, посочи дека од камерите на „Сејф сити“ неспорно произлегло дека обвинетите на критичните денови се движеле заедно, за да ги извршат кривичните дела.
Завршни зборови треба да даде и одбраната.
