Образование

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура

11.06.2025 08:20

Матурантите кои учеа до 16-мај, денеска ќе го полагаат вториот екстерен предмет, кој е изборен. Учениците најчесто се решаваат за англискиот јазик. На втори јуни полагаа мајчин јазик...

За преку 180 илјади основци и околу 67 илјади средношколци, почна летниот распуст. Матурантите кои учеа до 16-мај, денеска ќе го полагаат вториот екстерен предмет, кој е изборен. Учениците најчесто се решаваат за англискиот јазик. На втори јуни полагаа мајчин јазик.

Повторно обиди за препишување, но за разлика од лани, бројот на оние ученици кои беа казнети е помал, велат од државниот испитен центар.