свет

Австрија: Оддавање почит на жртвите во училиштниот масакар

11.06.2025 08:35

Илјадници граѓани со свеќи се собраа на плоштадот за да им оддадат почит на жртвите. Во нивна чест беше одржана и миса...

Австрија во тага и тридневна жалост по масакрот во училиштето во Грац, каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Илјадници граѓани со свеќи се собраа на плоштадот за да им оддадат почит на жртвите. Во нивна чест беше одржана и миса.

„Семејства на жртвите, не сте сами, ние сме со вас. Целиот свет нè гледа. Тоа ни дава сила. Во вакви времиња, мора да се држиме заедно“, изјави ученик од средното училиште.

Полицијата сè уште го истражува мотивот на 21-годишниот напаѓач кој по крвавиот чин си го одзеде животот. Тој оставил проштално писмо и видео.

„Пронајдено е проштално писмо во аналогна и дигитална форма, тој се збогува со своите родители, но од прошталното писмо не може да се заклучи никаков мотив и ова е предмет на понатамошна истрага“, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.