Нашите ракометни надежи поразени и од Шпанија
Македонската ракометна репрезентација за играчи до 18 годишна возраст го доживеа и вториот пораз на Е П во Полска. На натпреварот од 2 коло од „Б“ групата во Гдањск, нашата селекција е убедливо поразена од Шпанија со 13 гола разлика. Ривалот беше пресилен за нашата селекција, иако првото полувреме беше доста рамноправно и на одмор се замина со 11 : 8 за Шпанците. Но во второто полувреме противникот беше доминантен и постигна 20 погодоци, а дозволи да прими само 8 за конечни 31 : 16.

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 18 годишна возраст го доживеа и вториот пораз на Е П во Полска. На натпреварот од 2 коло од „Б“ групата во Гдањск, нашата селекција е убедливо поразена од Шпанија со 13 гола разлика. Ривалот беше пресилен за нашата селекција, иако првото полувреме беше доста рамноправно и на одмор се замина со 11 : 8 за Шпанците. Но во второто полувреме противникот беше доминантен и постигна 20 погодоци, а дозволи да прими само 8 за конечни 31 : 16. Во двата табора по осуммина се запишаа во листата на стрелците, а најефикасен во македонскиот состав беше Филип Талески со 4 погодоци, еден повеќе од Марко Неловски. Шпанците беа предводени од Хаиме Фернандез со 8 гола, а по 5 постигнаа Марсело Касадо и Рио Иглезиас.
Во вториот дуел од групата Данска ја прегази Русија со 38 : 21 па на табелата Шпанија води со 4 бода, пред Данска и Русија со по два и Македонија, која засега е без бодови. По несреќниот пораз од Русија на стартот која пропуштија 8 гола предност и загубија минимално со 31 : 30, до крајот на настапите во групата за нашите млади ракометари преостанува мечот од 3 коло против Данска, задутре од 15 часот.
