Русија продолжува со масовни напади во Украина
Во Харков жртви и десетици повредени...

Русија продолжува со масовни напади во Украина. Во Харков жртви и десетици повредени. Јавува за соборени десетици украински дронови. САД ја повика Русија веднаш да престане со нападите откако изврши еден од најголемите воздушни удари врз Киев и Одеса. Зеленски побара од Западот да ја преполови цената на руската нафта, откако Брисел објави 18-ти пакет санкции со ограничување на цената од 60 на 45 долари за барел.
„Способноста на Русија да ја продолжи војната е еднаква на нејзината способност да продава нафта и да ги заобиколува финансиските бариери. Затоа мора строго да ја ограничиме руската флота танкери, за да се осигураме дека цената на руската нафта е пониска отколку што можат да издржат“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Од друга страна, американскиот министер за одбрана Хегсет изјави дека финансирањето за воена помош на Украина ќе биде намалено во следниот буџет, што може да резултира со помалку критични системи за воздушна одбрана, важни за одбрана од руски ракети.
