САД

Вонредна состојба и полициски час во Лос Анџелес

11.06.2025 09:51

Гувернерот на Калифорнија обвини дека неговата држава е под опсада на Белата куќа откако Трамп распореди 4.000 војници на Националната гарда и дополнителни 700 маринци. Трамп ја брани одлуката...

Во делови од центарот на Лос Анџелес воведен полициски час како одговор на грабежите и насилството за време на протестите против имиграциските рации. Во сила е до утринските часови. Гувернерот на Калифорнија обвини дека неговата држава е под опсада на Белата куќа откако Трамп распореди 4.000 војници на Националната гарда и дополнителни 700 маринци. Трамп ја брани одлуката.

„Оваа дрска злоупотреба на моќ од страна на актуелен претседател кој ја разгоре ситуацијата. Калифорнија можеби е прва, но очигледно нема да заврши тука. Демократијата е нападната пред нашите очи. Моментот од кој се плашевме дојде“, изјави Гевин Њусом, гувернер на Калифорнија.

„Се што сакам во однос на ангажманот е да видам мир. Ако има мир, ќе си одиме. Ќе останеме додека не го постигнеме. Бунтовниците, или како и да сакате да ги наречете, подобро да знаат дека многу луѓе се уапсени. Ќе бидат во затвор долго време“, Доналд Трамп, претседател на САД.

Протести и апсења и во другите градови низ земјата. Истовремено, федерален судија го отфрли барањето на Калифорнија за итна забрана со која привремено ќе се забранеше администрацијата на Трамп да ги користи маринците и Националната гарда за спроведување на законите во државата, вклучително и имиграциските мерки.