Денеска во Собрание седници на две комисии
Во законодавниот дом ќе се одржат седници на две собраниски тела – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за финансирање и буџет.

Денеска во законодавниот дом ќе се одржат седници на две собраниски тела – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за финансирање и буџет.
Пред пратениците, членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се најдат Годишниот извештај за работата на Инспекцискиот совет за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен за 2024 година и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година.
Во фокусот на Комисијата за финансирање и буџет ќе бидат Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година, ревидирани од овластен ревизор, Годишниот извештај на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија за 2024 година и Програмата за работа на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија за 2025 година.
