Култура

Реконструкција на зградата на библиотеката „Св. Климент Охридски“

11.06.2025 16:01

Кровот на НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе престане да протекува. Министерот за култура, Зоран Љутков најави реконструкција, со која се чини ќе се заштити библиотечниот фонд кој долго време е загрозен заради состојбата на зградата …

Старопечатени книги, ретки книги и словенските ракописи коишто датираат од 13 век се чуваат во импозантниот објект од културата, Националната универзитетска библиотека „Св. Климент охридски“ која со години е нем сведок на нејзиното бавно распаѓање.

Од 2021-ва година се ветуваше санација на покривот кој прокиснуваше и го ставаше во опасност импозантниот библиотечен фонд од над 3 милиони единици.

Библиотечниот фонд е конзервиран и реставриран од забот на времето. Во оваа институција од културата се чува културно наследство од исклучително значење од прва категорија.

Конечно почна првата фаза за санација на оваа институција од културата, која ќе чини над 24 милиони денари.

Првата фаза за санација на кровот ќе заврши за шест месеци, потоа следува санација на другите делови од објектот.

Александра Спировска