Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски
Во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски.

На 15 јуни, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување!
Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ќе биде изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како: „Големата вода“ – добитник на награда за најдобра филмска музика во Валенсија, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“ – добитник на награда за најдобра филмска музика во Букурешт, „Трето полувреме“ и многу други.
Под диригентската палка на Џијан Емин, со учество на солистите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов, концертот претставува ретроспектива на 25 годишното композиторско творештво за филм на Џајковски – музичко патување што не се пропушта.
Фото: Кирил Џајковски