Процесот на дигитализација на катастарските планови ќе заврши порано од предвиденото

15.08.2014 17:32

Дигитализацијата на катастарските планови ќе финишира порано од предвиденото. Процесот досега е комплетиран во 60 проценти од катастарските општини.

Ова ќе значи значително скратување на постапката за запишување во катастаторот на недвижности, заштеда на време и пари.

Крајниот рок за дигитализација на целата територија на Република Македонија со дигитални катастарски планови е декември 2015 година, но проценките на Агенцијата се дека со ова темпо на работа дигитализацијата ќе заврши неколку месеци порано, истакна директорот на Агенцијата, Славче Трпески на денешната прес-конференција.

Тој информира дека комплетно завршени и усогласени со електронскиот катастар се 741 катастарска општина или 38,9 проценти од вкупниот број на катастарски општини.