Со новиот Закон за енергетика се очекува да се намалат загубите на струја
Паметните броила ќе ги заменат паушалните сметки. Новиот Закон за енергетика најавува дигитална револуција во домаќинствата. Надлежните велат дека имаат план како да ги намалат загубите на струја …

Во јулските сметки за потрошена струја ќе биде наведено дали броилото е прочитано или износот е паушален. Првите паметни броила кои се очекува да обезбедат прецизни сметки, би требало да стигнат за две години, а за седум ќе бидат заменети сите. Со нив се очекува да се намалат загубите на струја, а најголеми се во Скопје, Гостивар и во Штип. Надлежните уверуваат дека имаат план за нивно намалување и работат на тоа.
Сопствениците на обновливи извори на енергија ќе бидат обврзани да обезбедат складишта за 20 насто од инсталираната моќност. Ова се дел од законските измени што ги предвидува новиот закон за енергетика.
Граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории нема да се исклучуваат од мрежа поради неплатен долг, а ќе бидат и субвенционирани. Законските измени предвидуваат поголема контрола за трошоците, поголема стабилност и регионална интеграција.
Новиот закон е цврст темел, но за да се реализираат сите измени се потребни инвестиции, дигитализација и капацитет.
Александра Велинова
