Прилеп
Матурантите го полагаа вториот екстерен испит
11.06.2025 18:22
Денеска матурантите го полагаа вториот екстерен предмет од државната матура бираа помеѓу странски јазик и математика. Според насоките од Министерството матурантите во Прилеп од повеќе средни училишта полагаа во Економскиот факултет. Полагањето помина без проблеми, а учениците, главно, решаваа да полагаат странски јазик …

Поради просторните услови речиси половината од прилепските матуранти, а и од Крушево и македонски брод вториот екстерен испит го полагаа на Економскиот факултет.
Полагањето на странски јазик или математика претекна без проблем.
Учениците главно се решија да полагаат странски јазик.
Вториот екстерен испит го полагаа вкупно 766 прилепски матуранти од пет средни училишта.
Елизабета Митреска
