реакција

Османи: Изјавата на Мицкоски е скандалозна

12.06.2025 08:08

Посочи дека, додека Мицкоски се заканува и навредува, македонскиот јазик веќе е заштитен во преговарачката рамка со Европската унија, додека тој пак дома, со поддршка од некои институции, го понижува албанскиот јазик и граѓани...

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, преку социјалните мрежи реагираше на обвинувањата на премиерот. Посочи дека, додека Мицкоски се заканува и навредува, македонскиот јазик веќе е заштитен во преговарачката рамка со Европската унија, додека тој пак дома, со поддршка од некои институции, го понижува албанскиот јазик и граѓани. 

Поранешниот министер вели дека Албанците во Македонија не се гости, туку дел од домаќините, кои сакаат да ја градат својата иднина во оваа земја и не планираат да заминат од неа.