МПЦ-ОА

Избор на нов епископ на Дебарско-кичевската епархија

12.06.2025 08:13

На седница на Синодот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, според најавите, избор на нов дебарско-кичевски владика, откако остана празен нејзиниот трон по починувањето на владиката Тимотеј, лани во ноември...

На седница на Синодот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, според најавите, избор на нов дебарско-кичевски владика, откако остана празен нејзиниот трон по починувањето на владиката Тимотеј, лани во ноември. Во црковните кулоари се споменуваа повеќе имиња, но според информациите, поранешниот амбасадор во Ватикан Ѓоко Ѓорѓевски, кој се замонаши на 28-ми мај во јероѓаконски чин, под монашкото име Георгиј ќе биде предлог на архиепископот Стефан. Најавениот избор на нов митрополит ги разбранува духовите меѓу свештенството и верниците.

По смртта на владиката Тимотеј, голем дел од верниците сметаа дека на тоа место треба да дојде епископот Партениј од Бигорскиот манастир. Беа одржани и протести.