Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени
И ноќва нови напади во Украина. Вчера Москва ги предаде телата на 1.200 загинати украински војници во рамки на договорот постигнат во Истанбул...

И ноќва нови напади во Украина. Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени, меѓу кои и деца. Вчера Москва ги предаде телата на 1.200 загинати украински војници во рамки на договорот постигнат во Истанбул. Денеска стартува итната размена на тешко ранети затвореници.
Од Самитот на Југоисточна Европа во Одеса, Зеленски побара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор. Во меѓувреме, Путин објави модернизација на воените капацитети. Шефот на Кремљ изјави дека нуклеарната тријада останува гарант на суверенитетот на Русија и игра клучна улога во обезбедувањето на рамнотежата на моќта во светот.
