БЛИСКИ ИСТОК

Стејт департментот наредил заминување на дипломатскиот персонал од амбасадите на Блискиот Исток

12.06.2025 12:11

Објавата следува откако Иран се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот доколку избувне конфликт...

САД му наредија на дипломатскиот персонал и нивните семејства да ги напуштат амбасадите на Блискиот Исток, поради растечките дипломатски тензии во регионот. Објавата следува откако Иран се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот доколку избувне конфликт.

Стејт департментот соопшти дека наредил заминување на речиси целиот персонал од амбасадата во Багдад, Ирак и несуштинскиот персонал од Бахреин и Кувајт. Делумните евакуации доаѓаат во момент на зголемени тензии во регионот и 18-месечната војна во Газа. Тензиите во регионот дополнително се зголемија во последните денови, откако Трамп рече дека е сè помалку уверен во постигнувањето нуклеарен договор меѓу САД и Иран.