Откриен идентитетот на полицаецот кој го застрела афроамериканското момче
Во повеќе од 90 градови во САД се одржа протестно бдеење поради убиството на 18-годишниот невооружен афроамериканец во Фергусон, но и за сите жртви на полициската бруталност. Во јавноста е откриен идентитетот на полицаецот кој пукаше.
„Полицаецот вмешан во убиството на Мајкл Браун е Дарен Вилсон, 6 години во служба, без дисциплински акции против него. Беше третиран за повреди во саботата“, рече Томас Џексон од полицијата на Фергусон.

Деталите се спорни, но сведоци тврдат дека невооруженото момче одело на гости кај баба си и имало кренати раце кога полицаецот го застрелал.