Свет

Индија: Авион со 242 патници се урна по полетувањето кон Лондон

12.06.2025 12:19

Авионот од типот „Боинг 787 Дримлајнер“ превезувал 230 патници и 12 членови на екипажот...

Патнички авион на „Ер Индија“, со 242 патници се урна непосредно по полетувањето во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Летот бил меѓународен и, според редовниот распоред, бил упатен кон аеродромот Гетвик во Лондон. Авионот од типот „Боинг 787 Дримлајнер“ превезувал 230 патници и 12 членови на екипажот. Од нив, 169 биле индиски државјани, а 53 британски, седуммина жители на Португалија и еден канадски државјанин, соопшти авиокомпанијата.

Повредените се префрлени во најблиските болници. Ова е прва несреќа на авион „Боинг 787“ досега, според базата на податоци на Мрежата за безбедност на воздухопловството.