Интензивен американски притисок врз Иран, Техеран не се откажува од збогатувањето на ураниумот
САД го намалија персоналот во амбасадата во Багдад поради безбедносните ризици и застојот во преговорите на релација Вашингтон-Техеран за збогатувањето на ураниумот во Иран. Централноазиската држава не се придржува на обврските од нуклеарниот договор, потврдија и инспекторите на Обединетите нации. Израелскиот премиер, Нетанјаху, го нарече Техеран оска на злото и најави подготвеност да го нападне пред да стане нова нуклеарна велесила. Русија е исто така е за спречување на ескалацијата, соопштија од Кремљ...

Интензивен американски притисок врз Иран, Техеран не ги почитува меѓународните обврски. Регионот станува опасна средина, потврди американскиот претседател Трамп и нареди повлекување на несуштинскиот персонал од соседната земја Ирак каде што се распоредени 2.500 американски војници. Во Кувајт и Бахреин, исто така е во тек доброволното напуштање на дипломатските претставништва.
„Персоналот е намален поради можната опасност. Ќе видиме што ќе се случи, но веќе е издадена наредбата. Иран не може да поседува нуклеарно оружје. Тоа нема да го дозволиме“, изјави американскиот Доналд Трамп, претседател на САД.
Трамп во изминатава недела веќе имаше 40-минутен разговор со израелскиот премиер. Нетанјаху повеќе притискал за воено, отколку за дипломатско решение. Да се победи тиранијата, барал премиерот.
„Режимот на тиранијата во Иран сè уште испраќа оружје на повеќе места. Во нашата војна на преродбата уништивме повеќе оски на злото на Техеран. Но заканата сè уште постои, знаеме како да ја осигураме нашата безбедност‘, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Техеран не се откажува од збогатувањето на ураниумот за што во последниот извештај на Обединетите нации се потврдува постоењето на тајни бази за развојот на нуклеарната програма. Информацијата ја туркаат Франција, Германија, САД и Велика Британија. Русија понуди дипломатска разрешница.
„Во постојани контакти сме со Иран. На оваа тема телефонски се разговараше меѓу претседателите Трамп и Путин. Сега ова е многу значајно што ќе го истакнеме. Ако е потребно, ако страните решат, Русија е подготвена да помогне во отстранувањето на дополнителниот нуклеарен материјал“, изјави Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател.
Во, можеби, последниот напор да стивнат најновите барабани на војната, американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф в недела има средба со иранскиот шеф на дипломатијата Абас Арагчи. Во случај на напад на Иран, Техеран ќе возврати со напад врз американските бази во регионот, претходно реагираше министерот за одбрана Насир Задех.
Зоран Богатинов
