Брисел: Русија да се држи подалеку од Украина

15.08.2014 18:56

Рускиот конвој хуманитарна помош за истокот на Украина чека на темелна проверка пред границата. Москва негира дека им доставува оружје на бунтовниците. Сепак, границата синоќе ја поминал конвој оклопни возила на руската војска. Киев вели дека неговите сили делумно го уништиле. Брисел предупредува - Русија да се држи подалеку од територијата на Украина.

„Руските сили треба да бидат свесни дека и ЕУ и САД се силно обврзани да одговорат на секоја нова агресија од Русија и дека сега е време да се смири и да се деескалира ситуацијата, да се седне на преговарачката маса“, рече Мартин Лидегард, министер за надворешни работи на Данска.

Рускиот претседател Путин, кој е во посета на Финска, вчера на Крим добил необичен предлог. Новата идеја на оригиналниот лидер на либерал-демократите Жириновски е дека наредниот чекор во еволуцијата на Русија е да стане империја.

„Цар Владимир би звучело добро“, рече Владимир Жириновски од Либерално демократската партија на Русија.