Мониторинг на владините ветувања
Три граѓански и истражувачки организации извршија проценка за владините ветувања во првата година од мандатот во пет области, социоекономски развој, образование, здравство, родова еднаквост и младите...

Влезот на новите странски инвестиции, најавата за низа вработувања, како и изградбата на автопатите, влеваат оптимизам дека македонската економија се движи во добра насока, велат економистите. Единствен ризик, според Институт за економски истражувања е инфлацијата, која може во одредени сектори да создаде потешкотии.
Во меѓувреме Владата преку мерки се обидува да го олесни работењето на институциите. Анализата покажува дека
ветувањата во првата година од мандатот се остварени, но се препорачува да се зајакне кадровскиот дел. Станува збор за 139 проекти.
Според Владата земјава од некогаш последна, сега е прва во Европа по странски инвестиции со 1 милијарда и 255 милиони евра, а тоа е најдобар резултат од независноста до сега.
Оптимизам влева и најавата за растот на БДП од 3,4% до над 4% до крајот на годинава, а овие податоци не ставија во групата со Ирска, Данска и Полска.
Борис Грујоски
