Собрание

Не помина предлогот на ЛДП за една изборна единица

12.06.2025 17:51

Пропадна обидот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. За предлогот за измени на Изборниот законик доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата...

Пропадна обидот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. За предлогот за измени на Изборниот законик доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.

„Не е фер гласовите на околу 30 до 40 илјади граѓани да одат во вода, само заради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот“, смета Зајкова.

За разлика од оваа иницијатива, зелено светло доби предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на 17 и 18 член за бројот на потписи за независните кандидати, правната празнина која се создаде по одлуката на Уставниот суд. Конечната одлука се очекува да биде потврдена на пленарна седница.

Овие измени во изборното законодавство се дел од препораките на ОБСЕ кои по завршувањето на секои избори редовно упатува забелешки во однос на мониторингот на изборниот процес.

Игор Панов