Шампионот за први бодови!
Работнички и Тетекс ќе бидат противници во воведниот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Филип втори“ шампионот ќе се обиде да ги освои првите бодови сезонава, а „штофарите“ веќе имаат еден, иако досега не постигнаа гол. Почетниот удар е од 20 часот.

Другите натпревари од оваа рунда во најквалитетната конкуренција се утре во терминот од 17 часот и 30 минути. Брегалница ќе го пречека Вардар, а овој меч ќе можете да го гледате во пренос на Собранискиот сервис на МРТ. Силекс и биде домаќин на Ренова, Шкендија ќе се сретне со Хоризонт Турново, а Пелистер ќе го пречека Металург.
***
Прва лига фудбал, 3.коло
Работнички – Тетекс (денеска)
Брегалница – Вардар (утре, МРТ 17.25)
Силекс – Ренова
Шкендија – Турново
Пелистер – Металург
***
Табела:
1.Вардар 6
2.Металург 4
3.Силекс 4
4.Ренова 4
5.Брегалница 3
6.Пелистер 3
7.Шкендија 3
8.Тетекс 1
9.Турново 0
10.Работнички 0