ИНДИЈА

Индиските власти почнаа истрага за падот на патничкиот авион, пронајдена една црна кутија

13.06.2025 10:30

Во авионот со 242 патници и членови на екипажот кои тргнале кон Лондон, преживеа само еден патник кој е идентификуван и е вон животна опасност...

Индиските власти почнаа истрага за падот на патничкиот авион на Ер Индија што се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад, а делови од него завршија во густо населена станбена област, предизвикувајќи пожар и голем број цивилни жртви. Во авионот со 242 патници и членови на екипажот кои тргнале кон Лондон, преживеа само еден патник кој е идентификуван и е вон животна опасност. Според него, авионот почнал да губи контрола кратко по полетувањето по што се преполовил пред да експлодира.

Боингот 787 Дримлајнер бил стар 12 години. Експертите велат дека ова е првата фатална несреќа на моделот откако е пуштен во употреба.