УКРАИНА
Нови руски напади врз Украина
13.06.2025 09:30
Руските сили пак објавија дека воздушната одбрана пресретнала 125 украински дронови над руските региони, од кои повеќето над Крим...

Русија изврши нови напади врз Украина. Со 55 дронови Шахед и четири балистички ракети Искандер нападнати неколку региони. Руските сили пак објавија дека воздушната одбрана пресретнала 125 украински дронови над руските региони, од кои повеќето над Крим. Украинскиот претседател вели дека состојбата на фронтот не е променета, но ги потиснуваат руските војници во Суми.
Зеленски одново побара меѓународен притисок кон Москва, санкции за руските банки и руската нафта.
