Вардар – Металург, а кој друг?
Традиционалниот струшки ракометен турнир го доби посакуваниот епилог. Во финалето ќе играат нашите гиганти Вардар и Металург. Црвено – црните ја минаа групната фаза со максимален ефект, но и составот од Автокоманда ја заврши работата во вчерашното последно коло, па откако го совлада тимот на Азоти Пулави со 33-26, иако му беше доволна победа од пет гола, обезбеди настап во натпреварот за првото место.

Полскиот тим играше добро во првото полувреме, но откако тренерот Лино Червар на теренот ги прати најдобрите, Металург направи серија од 7-0 и го реши мечот во своја полза. Вардарци, пак, првото место во групата го потврдија со триумф над Металопластика со 29-26, на тој начин не оставајќи никаква можност некој од ривалите да се надева на финале.
Големото македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Металург ќе оди во пренос на Собранискиот сервис на МРТ, денеска од 21 часот, како вовед во уште една, се надеваме, незаборавна сезона за паметење.