Оскар му ја отстапи 11-та на Дрогба

16.08.2014 13:23

Дидие Дрогба јавно му се заблагодари на својот соиграч Оскар кој му го отстапи дресот со број 11 на повозрасниот колега. Со оваа бројка Дрогба играше за лондонските сини во првиот престој на „Стемфорд Бриџ“, а летово, откако повторно потпиша за Челзи играше во дресот со број 15.

„Многу сум среќен што повторно се враќам во 11-та. Му благодарам на Оскар кој ми дозволи да ја направиме замената“, рече репрезентативецот на Брегот слонова коска. Последен пат Дрогба го носеше дресот 11 во финалето на Лигата на шампионите со Баерн, кога на „Алијанц арена“ во Минхен Челзи стана европски првак.

„Дидие е легенда на Челзи и ветеран, а јас ќе го земам дрсот со број 8 којшто досега му припаѓаше на Лампард, уште една клупска легенда. Се надевам дека ќе бидам успешен како него“, одговори Оскар.