Се подготвува капитален ремонт на првиот блок на РЕК Битола
По пропустите во минатиов период ремонтните активности на блоковите во РЕК Битола годинава се одвиваат навремено и согласно со електроенергетскиот план. Во првите месеци од годината се изврши редовниот ремонт на вториот блок а деновиве започнаа оние вообичаени подготвителни работи за 60-дневниот капитален ремонт на блокот еден. Кон половината на август во редовен ремонт влегува и третиот блок...

Се враќа пропишаниот годишен континуитет на ремонтните активности на трите термоелектрани во РЕК Битола. По успешно завршениот редовен ремонт претходниве месеци на блокот два, деновиве во планиран застој е првиот блок на кој во следните 60 денови ќе се врши капитален ремонт кој беше прескокнат минатата година.
Согласно со предвидениот производен план во средината на Август во редовен ремонт влегува и третиот блок како во следната грејна сезона комбинатот би влегол поподготвен. Техничко – технолошката подготвеност на постројките е основата да нема или бидат драстично намалени испадите на блоковите и да се зголеми количината на произведената електрична енергија.
Сепак, Наумчевски потсетува дека се работи за термоелектрани кој се стари над 40 години и им изминува работниот век, а о друга страна јагленот во рудниците е со лимитиран квалитет и количини. Во вакви услови вели мора да се искористи она што го имаме како базна основа само со обрнување на внимание на оние клучни моменти на одржување во кондиција на постројките.
Стевче Митревски
