Македонија
Состанок на Мешовитата историска комисија во Скопје
13.06.2025 11:47
Се разговара за учебниците за 7 одделение во земјава, како и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев...

Во Скопје, втор ден состанок на заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Се разговара за учебниците за 7 одделение во земјава, како и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и за петти клас во Бугарија.
Мешовитата комисија беше формирана како резултат на договорот за добрососедство со Бугарија, потпишан во 2017 година.
