За бугарското МНР условната казна за Љупчо Георгиевски е „категорично неприфатлива“

13.06.2025 12:01

Од бугарското МНР повторно обвинија дека во земјава се кршат правата на Бугарите, а според нив, последната неправосилна пресуда е потврда за тоа.

Откако основниот суд во Битола му изрече условна затворска казна на претседателот на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, Љубчо Георгиевски, кој за да не заврши зад решетки во следниве две години не смее да го повтори делото, предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем, се огласи бугарското МНР. Според официјална Софија, никаква друга пресуда освен ослободителна не е прифатлива во процесот против Георгиевски.

Од бугарското МНР повторно обвинија дека во земјава се кршат правата на Бугарите, а според нив, последната неправосилна пресуда е потврда за тоа.