ЛОС АНЏЕЛЕС

САД: Апелацискиот суд го паузира враќањето на контролата врз Националната гарда на Калифорнија

13.06.2025 18:11

Федерален судија издаде привремена забрана со која му наложува на претседателот Трамп да ја врати контролата врз Националната гарда во Калифорнија...

Федерален судија издаде привремена забрана со која му наложува на претседателот Трамп да ја врати контролата врз Националната гарда во Калифорнија.

Наредбата не се однесува на маринците кои исто така беа распоредени на протестите во Лос Анџелес кои избувнаа поради имиграциските рации. Гувернерот Њусом, кој е од редовите на демократите задоволен од одлуката со која се потенцира оти распоредувањето на гардата било нелегално и биле надминати законските овластувања на Трамп.

Од Белата куќа велат дека претседателот дејствувал во рамките на овластувањата, а одлуката на федералниот суд ги става во опасност службениците.