Потпишан договор за стратешка соработка со Унгарија
„Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, време до израз да дојде европската креативност“, претседателката со порака до Брисел. Сијарто од Скопје потврди – членки на унијата играат заткулисни игри со проширувањето. Сијарто и Муцунски на средбата во Скопје потпишаа договор за стратешка соработка во повеќе области...

Македонија тапка во место со евроинтеграциите, претседателката Сиљановска-Давкова која ќе ја предводи македонската делегација на претстојниот самит на НАТО во Хаг прифаќа да разговара и на пониско ниво со бугарскиот премиер за откочување на процесот.
Искрена порака и од шефот на унгарската дипломатија, Сијарто, по средбите во Скопје – Будимпешта е меѓу малцинство земји – членки на ЕУ кои навистина поддржуваат проширување со земјите од Западниот Балкан. Според Сијарто, Македонија брзо треба да почне отворање на поглавја, но некои земји-членки поставуваат пречки и само декларативно поддржуваат проширувањето, а зад кулиси кажуваат друго.
По разговорот со својот бугарски колега, шефот на дипломатија Муцунски смета дека нема гаранции дека уставните промени ќе бидат последни барања врз основа на билатерални прашања.
Сијарто и Муцунски на средбата во Скопје потпишаа договор за стратешка соработка во повеќе области, вклучително и во инфраструктурата.
Ирина Гелевска
