Здравство

Месец на пациентите со афазија

13.06.2025 14:29

Во Скопје дневно има од еден до два мозочни удара, капацитетот на неврологија е 50 проценти исполнет со вакви пациенти. Најголем дел од нив имаат нарушување во говорот или афазија...

Во Скопје дневно има од еден до два мозочни удара, капацитетот на неврологија е 50 проценти исполнет со вакви пациенти. Најголем дел од нив имаат нарушување во говорот или афазија. На светскиот месец посветен на оваа состојба невролозите предупредуваат дека најголем проблем за овие пациенти е рехабилитацијата, особено на говорот, која некогаш трае и повеќе години.

Од 241 испитаник, 68 проценти не слушнале за терминот афазија кој е всушност најчесто последица од мозочен удар. Потребни се ефективни стратегии за подобрување на квалитетот на животот на овие лица и нивните семејства, велат лекарите.

Во Македонија има пет до десет илјади пациенти со афазија. Овие лица го разбираат говорот, но имаат потешкотија да го продуцираат. Таа не е само медицински термин, туку борба за живот. Да се препознаат симптомите на афазија и да покажеме разбирање за овие лица, бидејќи можеби не можат да зборуваат, но човечките вредности се зачувани, велат надлежните.

Александра Спировска