Легија побара заштита од Судот за спортска арбитража

16.08.2014 13:26

Легија ја обжали одлуката на УЕФА за нејзина дисквалификација од Лигата на шампионите поради теничката грешка со настап на фудбалер чијашто суспензија не е истечена, на дуелот со Селтик во третото квалификациско коло. УЕФА реши шкотскиот клуб да оди во ждрепката за плеј – оф мечевите, иако Легија двапати победи во меѓусебната пресметка. Но откако реваншот во Глазгов беше регистриран со службени 3-0, Селтик ја мина полската екипа поради гол на гости (вкупниот резултат беше 4-4). Легија се жалеше до инстанците на европската куќа на фудбалот, но УЕФА експресно ги одби сите нејзини барања.

„Легија се обрати до нас до барање да биде вклучена во плеј – оф натпреварите во Лигата на шампионите. Раководството на Легија побара да ги укинеме сите санкции кон клубот и кон Бартош Берешински коишто ги воведе УЕФА“, се вели во соопштението на Судот за спортска арбитража.