Прилеп

Претставата „12“ на МНТ најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“

13.06.2025 17:48

Претставата „12“ на МНТ е најдобра на 59. Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински“ во Прилеп. На оваа претстава жирито и додели и специјална награда за актерска игра. Симпатиите на публиката ги освои претставата „Слепци“ на турски театар …

Вечер ќе бидат доделени наградите со претстава во нивна чест со што ќе биде спуштена фестивалската завеса.

Претставата „12“ на МНТ што публиката ја виде на отворањето е најдобрата на годинашниов македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Жирито реши да ѝ додели и специјална награда за колективна актерска игра.

Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка праведност и актерство што плени. За мене „12“ е исклучително актерско достигнување на секој актер од екипата“, изјави Лилија Абаџиева, жири-комисија.

Публиката своите гласови ги даде за претставата „слепци“ на турски театар. Оваа претстава од жирито се закити со најдобра режија, за плакат и за млада актерка

Фестивалот понуди богата програма. 9 претстави во официјална конкуренција, пет во независна продукција, и огромен интерес на публиката која ги полнеше салите

Со претставата вистината на театар комедија во чест на наградените ќе заврши годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“.

Елизабета Митреска