Се истражува живописот на манастирската црква Св. Димитрија крај Велес
Во претрагата да се најдат делови од оригиналниот живопис на манастирската црква Св. Димитрија, крај Велес, стручњаците на Националниот конзерваторски центар најдоа делови од автентичниот живопис од 13 век. Но ќе треба време и средства за да се истражи целосно...

Стручните лица на Националниот конзерваторски центар на Македонија ја истражуваат црквата Св. Димитрија, лоцирана на влезот од Велес од правец на Градско, за утврдување дали има остатоци од оригиналниот, автентичен живопис. Стручњаците сметаат дека таа е нацртана при крај на 13 век, кога бил и изградена.
Дилемата е дали со мануелните сонди може нешто да се открие, како ран ракопис, од времето кога црквата е живописана. Тоа е потребно, за да се отстранат фреските од 19 век и се дојде до оригиналните од крајот на 13 век. Во апсидата на црквата се пронајдени делови од оригиналниот живопис. Но, ќе треба средства и време за да се истражат целосно.
Конзервацијата е долг процес, треба да се вработи внимателно да не се наруши естетиката на живописот од 19 век, и да се открие живописот од 13 век. Ова комплициран и сериозен зафат, на стручните лица од Националниот конзерваторски центар на Македонија, им треба долго време но и средства за да ги откријат во целост тајните на манастирот Св. Димитрија.
Петар Печков