Жителите на Бучим без вода со месеци
Жителите на Бучим, радовишко, се без вода со месеци. Со вода се снабдуваат од планинска чешма оддалечена четири километри од селото. Амбасадорот на Турција во земјава бара надлежните во земјава да го решат проблемот…

Празни чешми, полни буриња, канистери, шишиња. Ваква е сликата со месеци во радовишко Бучим каде вода нема ниту за пиење ниту за одржување хигиена. Водата или се купува или за неа се патува секој ден по 3 до 4 километри до планинарската чешма
Жителите од Бучим кои се од турската заедница проблемот со немањето вода му го предочија и на амбасадорот на Турција во земјава. Тој неодамна со вицепремиерот Иван Стоилковиќ беа на селски собир.
Од Општина Радовиш велат дека изработиле проект за водоснабдување на Бучим но за реализација немаат пари. Аплицирале за средства кај повеќе фондови и најавија решавање на проблемот
Ване Трајков
