БЛИСКИ ИСТОК

Иран со масовни напади врз Израел во текот на ноќта

14.06.2025 10:14

Според иранската револуционерна гарда, нападите биле насочени кон десетици воени цели и воздухопловни бази во Израел...

Иран изврши повеќе масовни напади врз Израел во текот на ноќта, по претходните напади на неговите нуклеарни постројки и клучни воени цели.

Според иранската револуционерна гарда, нападите биле насочени кон десетици воени цели и воздухопловни бази во Израел. Иран со своите напади врз цивилни цели ја премина црвената линија и ќе плати „многу висока цена“ за тоа, се закани израелскиот министер за одбрана.

И Израел продолжи со гранатирање на Иран во текот на ноќта. Американскиот претседател Трамп изјави дека не е јасно дали Иран сè уште има нуклеарна програма по израелските напади, но експертите велат дека штетата врз нуклеарните постројки засега е ограничена.