Прилеп
Заврши 59. МТФ „Војдан Чернодрински“
14.06.2025 15:45
Со доделувањето на наградите и со претставата во чест на наградените на „Театар комедија“, во Прилеп заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра е претставата „12“ на МНТ. Во пресрет на јубилејот треба гласно да се говори каде се движи македонскиот театар...

Чест за најдобрите, слава за театарската уметност. Во Прилеп е спуштена завесата на најпрестижниот фестивал кој го следи мигот на театарската уметност кај нас. Најдобра е „12“ на МНТ.
Наградите се потврда за работата на сцената и создавањето на театарската уметност
Фестивалот донесе девет претстави во конкуренција, пет во независна продукција, настани и полни сали.
Во чест на наградените, Театар комедија ја изведе претставата „Вистината“
Елизабета Митреска