Невладините против семејното насилство
Здружението за еднакви можности „Езерка“ од Струга се вклучи во оваа акција со цел да даде свој придонес за воспоставување законски решенија и политика за заштита на жената од насилство како услов за исполнување на човековите права:
Здружението за еднакви можности „Езерка“ од Струга се вклучи во оваа акција со цел да даде свој придонес за воспоставување законски решенија и политика за заштита на жената од насилство како услов за исполнување на човековите права:
-Целта на проектот е спречување на сите видови на родово насилство на жената не само семејното, туку и трговијата со луѓе, насилство на работните места, закани и сексуалното вознемирување. Најважно е да се ратификува Конвенцијата, а со тоа ќе се добијат и сите права кои се поврзани со заштитата на жената од родово базираното насилство, бидејќи Конвенцијата е потпишана сега треба да се ратификува. Ќе се организираат многу семинари, едукативни работилници со цел здружување на женските невладини организации, а исто така и запознавање на жртвите со сите видови насилство и нивните права, информира Драгица Попоска од Здружението за еднакви можности „Езерка“
Граѓаните кои се потпишуваат велат дека ја даваат поддршката затоа што не сакаат да живеат во страв во својот дом, не сакаат насилници на слобода и не сакаат тишина после повик за помош.Во проектот се вклучени 29 организации од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија и Македонија.
-„Езерка“ заедно со пет невладини организации од Република Македонија 24 месеци ќе го спроведува проектот со цел почитување на европските стандарди и елиминирање и спречување на сите видови насилство врз жената посебно на родово базираното насилство. Учествувавме и на Меѓународната конференција во Белград каде присуствуваа претставници од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија,Хрватска и Австрија. Заедно со Македонија тие се членки кои што го спроведуваат проектот на Европската Унија од ИПА фондовите“, вели Попоска.
Рамката за проектните активности ја претставува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жената и семејството.
Јованчо Наумоски
