Образование

Почнаа уписите во средните училишта

14.06.2025 13:46

Полуматурантите се запишуваат во средно. Пријавувањето е електронски и првото трае до вторник, а второто е на 30-ти јуни...

Почнаа уписите во средните училишта за учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk . Првото пријавување трае до вторник, а второто е на 30-ти јуни.

Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2-ри јули. Како и во изминатите години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира, велат од ресорот образование.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21-ви, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден ќе биде објавена конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето.